Средба на претседателот Пендаровски со студенти од Дипломатската Академија Виена

Средба на претседателот Пендаровски со студенти од Дипломатската Академија Виена

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими студенти од Дипломатската Академија Виена, придружувани од директорот на Академијата, амбасадорот Емил Брикс. Студентите од оваа реномирана дипломатска академија со седиште во Австрија престојуваат во посета на Скопје, во рамки на нивната турнеја на Западен Балкан.

Во воведното обраќање, претседателот Пендаровски ги запозна студентите со клучните аспекти во стратешките надворешно-политички цели на Република Северна Македонија, политичките случувања и предизвици на патот до членството во НАТО и преговорите за членство со ЕУ.

На сесијата прашања и одговори,  претседателот Пендаровски и студентите од повеќе земји, разменија мислења за актуелните состојби во регионот на Западен Балкан, европските перспективи на Република Северна Македонија и останатите држави од регионот, како и за случувањата во поширокиот регион, во контекст на руската инвазија над Украина.

Прочитајте повеќе

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

На лидерската средба кај премиерот Христијан Мицкоскибеше постигнат начелен договор техничката влада да се укине, со можен компромис …