Средба на претседателот Пендаровски со учесниците на конференцијата „Зелена агенда за Западен Балкан“

Средба на претседателот Пендаровски со учесниците на конференцијата „Зелена агенда за Западен Балкан“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ги прими учесниците на конференција на високо ниво „Зелена агенда за Западен Балкан“, што во организација на институтот Аспен од Германија се одржува во Скопје.

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со програмата и целите на конференцијата, насочена да понуди платформа за учесниците од Западен Балкан, Германија, ЕУ, САД, како и меѓународни и регионални организации да разговараат за потенцијалите на зелената агенда за Западен Балкан.

Претседателот Пендаровски, поздравувајќи го одржувањето на конференцијата, истакна дека во време кога се соочувме со енергетска криза и економски турбуленции, не смееме да заборавиме на зелената агенда. Претседателот оцени дека конференцијата е добра можност за дискусија и идентификување на главните предизвици и потенцијали на регионалната соработка, како фактор за стабилен и просперитетен регион, и потребата од нејзино постојано унапредување. Важен аспект во тој контекст, според претседателот, е перспективата за интеграција на регионот во Европската Унија.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …