Средба Османи-Логар на „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава

Средба Османи-Логар на „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава имаше средба со министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар.

Покрај развојот и потенцијалите на билатералните односи, во разговорот доминираа темите поврзани со европската агенда на Северна Македонија, тековните дискусии за преговарачката рамка за земјата, како и за нашите очекувањата за одржување на првата Меѓувладина конференција во рамките на протугалското претседателство со Советот на ЕУ.

Во разговорот со словенечките соговорник, поради фактот што Словенија ќе го преземе кормилото со Советот на ЕУ наредниот месец, доминираше темата за приоритетите на словенечкото претседателство, особено проширувањето на ЕУ кое што е високо на нивната агенда.

Османи доби уверување од Логар дека Западниот Балкан ќе биде многу важно прашање за претстојното претседателство на Словенија со ЕУ како и дека клучното прашање на неформалните и највисоките можни политички дискусии ќе биде Самитот за Западен Балкан, со што прашањето за земјите од Западен Балкан ќе биде на врвот на дневниот ред во ЕУ. Соговорниците заклучија дека оваа тема е од стратешко значење за ЕУ, не само за Словенија, туку и за регионот.

Двајцата министри во текот на нивното учество на „ГЛОБСЕК 2021“, заедно дебатираа и на Панелот со наслов: „Геополитичката Европа на крстопат: Западниот Балкан во Ера на Пост-Ковид-19“.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …