„Средба со Груевски“, Трајковски во Будимпешта бил за да лечи синуси

„Средба со Груевски“, Трајковски во Будимпешта бил за да лечи синуси

Александар Трајковски ги лечел синусите во Будимпешта. Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба, кој е вработен во Царинската управа, беше уловен на фотографија во Будимпешта заедно со азилантот Никола Груевски. Трајковски официјално потврди дека самоиницијативно тргнал по второ лекарско мислење за проблемот со дишните патишта и намалениот капацитет на белите дробови. Го лекувале во болницата „Дуна Медикал“ во унгарската престолнина.

Со Груевски искомуницирал преку фејсбук. Не знае кој ги фотографирал. Пренесе негови лични впечатоци дека екс-премиерот бил во добра психичка и физичка кондиција, но бил загрижен. Груевски не се движел многу и ретко излегувал во јавност.

Импресиите од Будимпешта, Трајковски не ги раскажа пред камера, туку на влегување во судница, каде му се суди за нарачаните шамари во Центар, каде обвинет е и Никола Груевски. Фатиме Фетаи го праша Трајковски, да објасни, зошто ја одбрал токму Будимпешта за лекување и побара до СЈО и судот да достави медицинска документација. Трајковски посочи дека ќе ги достави документите, а болницата за преглед ја одбрал сам.

„Околу две години имал определени здравствени проблеми во Македонија за коишто не бил тука задоволен како биле дијагностицирани. Заминал во Будимпешта. Таму наводно е направено ново дијагностицирање и утврдена е точната дијагноза со која тој ќе продолжи да се лекува во Македонија“, рече адвокатот Боро Тасевски.

Александар Трајковски лекарската документација од Унгарија ќе ја достави и до Царинската управа каде е вработен. Тој отворил боледување на 5 – ти месецов. Инаку Трајковски пред Кривичен организираше протест со мото „Правда за Никола“ на само три дена од датумот кој судот го одреди за Груевски да се јави во затворот во Шутка.

Извор: Алсат

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …