Соопштение за јавност на СДСМ
Брисел во август не е туристичка дестинација.
Не е град за екскурзии.
Не е место каде што се оди на одмор.
Брисел е град на европската бирократија – Европската комисија и Европскиот парламент.
Таму се оди само кога имаш конкретна работа со Европската унија.
Зошто Христијан Мицкоски токму сега оди во Брисел?
Оваа Влада нема резултат на ниедно поле.
Единствен начин да покаже некаков „успех“ е да ги отвори преговорите со ЕУ.
А тоа значи едно – прифаќање на францускиот предлог.
Тимчо Муцунски веќе го кажа: преговори „под радарот“.
Таен план.
Зошто таен?
Затоа што гласачите на ВМРО не смеат да дознаат дека повторно се излажани.
Мицкоски дојде на власт со лаги:
• лаги за името
• лаги за Преспанскиот договор
• лаги за „подобри преговарачки услови“ и „гаранции“
• лаги дека протоколите се дел од рамката
Сега сами ги побиваат.
Сиљановска потврди дека македонскиот јазикот, културата и националниот идентитет се заштитени.
Муцунски рече дека НАТО е феноменална работа и за безбедност и за инвестиции.
Самиот Мицкоски го нарече Преспанскиот договор ремек-дело на дипломатијата.
А Муцунски пред неколку дена јавно кажа дека протоколите не се дел од преговарачката рамка.
Сѐ што ветуваа во кампањата падна во вода.
Сега мораат да го прифатат она против што се бореа.
Но не знаат како да им објаснат на своите гласачи.
Затоа – таен план.
Затоа – „под радарот“.
Затоа – екскурзија во Брисел среде лето.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место