Средношколци од источниот регион, на средби со европратеници во Брисел

Средношколци од источниот регион, на средби со европратеници во Брисел

Средношколците од Делчево, Берово, Виница и Македонска Каменица кои деновиве престојуваат во посета на европската престолнина Брисел и Европскиот парламент, остварија средби Манфред Вебер, кандидат на Европската народна партија за претседател на Европската комисија и со европратеникот од пратеничката група ЕНП/ГЕРБ, Андреј Ковачев. Главна тема на овие средбибиле придобивките од зачленувањето на Република Македонија во Европската Унија и отворањето поголема перспектива на младите кои својата иднина треба да продолжат да ја градат во европскаМакедонија.

Триесетината средношколци во рамките на престојот во Брисел, ќе се запознаат и со историјатот на создавањето на ЕУ, начинот на работа на Европскиот парламент и донесувањето одлуки, а планирано е да посетат и повеќе знаменитости на европската престолнина.

Оваа посета се реализира на покана од потпретседателот на Европската народна партија и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и на иницијатива на нашиот сограѓанин Венци Димитровски, а патувањето е финансиски поддржано од Фондацијата „Бугарско сеќавање“ од Софија на д-р Милен Врбевски.

Директорот на делчевската гимназија, Љупчо Прачковски, истакна дека ова е одлична можност учениците да се здобијат со нови знаења за Европската Унија.

За Брисел замина првата група наши одлични ученици, коишто за прв пат имаат можност да го видат Парламентот на Европската Унија и да се запознаат со работата на ова највисоко демократско тело во ЕвропаВтората група ученици за Брисел ќе патува во април месец. Инаку, со учениците е и професор којшто предава за Европската Унија. Оваа посета на Европскиот парламент за нас како гимназија претставува голем чекор, заради тоа што учениците ќе се здобијат со нови знаења и на лице место ќе се запознаат со европските институции. Сите овие млади луѓе подоцна ќе имаат можност тоа да го презентираат и кај нас и пошироко кај останатите ученици, рече Прачковски.

Воедно, деновиве од Словенија се врати групата средношколци кои ја реализираа посетата за збратимување со љубљанската гимназија „Полјане“.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …