Средствата од Европскиот фонд за поддршка на демократијата достапни и во Македонија

Средствата од Европскиот фонд за поддршка на демократијата достапни и во Македонија

Европскиот фонд за поддршка на демократија (European Endowment for Democracy – EED) ЕУ инфо-центарот, ја промовираше поддршката за Македонија во рамките на нивната иницијатива за проширување кон Западен Балкан.

Станува збор за Фонд кој е комплементарен со поддршката од Европската Унија и други донатори, но се разликува во однос на начинот на аплицирање, кој е едноставен, како и видот на субјектите кои можат да бидат корисиници на финасиската поддршка.

Во иднина, на граѓанските организации, но и комерцијалните субјекти, како и неформални иницијативи и поединци од Македонија на располагање ќе имаат грантови за развој на демократски процеси и иницијативи во рамките на следните области:

  • Граѓанско општество – Преку поддршка на новите локални продемократски актери на граѓанското општество со потенцијал да бидат ефективни застапници на промените, како и овозможување на постоечките актери на граѓанското општество да се прилагодат на менливиот локален контекст.
  • Независни медиуми – преку поддршка за развој, зајакнување и зачувување на медиумската средина во регионот, особено преку иновативни алатки и квалитетно производство на содржини
  • Политички активизам и младински ангажман – преку поддршка на нови форми на ангажирање и активисти кои се појавуваат.

Специфично за овој фонд е тоа што ќе се фокусира на обезбедување „додадена вредност“ и комплементарна поддршка на други програми за поддршка на демократијата и нема да ги поддржи постојните добро организирани актери на граѓанското општество и медиуми кои имаат историја на донаторска поддршка, освен во вонредни ситуации, или врз основа на нов високо иновативен пристап.

Работата на ЕФД е поддржана со грант од шест милиони евра од Европската комисија.

Можностите за аплицирање се веќе достапни овде.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …