Српската опозиција прашува дали Вучиќ ѝ наредил на тајната полиција да го спроведе Груевски низ Србија?

Опозициското Движење на слободни граѓани, денеска ја праша српската власт каква улога имала во бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија и дали е точно дека претседателот Александар Вучиќ „незаконски ѝ наредил на Безбедносно-информативната агенција (БИА) тајно да го прифати Груевски и да го спроведе низ Србија“, затоа што, како што наведуваат, сака „да создаде пракса која утре и нему ќе му треба“.

Движење на слободни граѓани, во денешното соопштение, наведува дека Србија, под власт на Српската напредна странка, станала „сигурна зона и фришоп за богатите луѓе кои бегаат од правдата во своите земји“.

Прочитајте повеќе

Најмалку шестмина загинати, а 16 се уште се водат како исчезнати во пожарот на пазарот во Ереван

Пожарникарите сè уште се борат со пожарот во еден голем пазар во Ереван, ден по …