Српски „Информер“ дезинформира – не се менува знамето, тоа беше во 1995 година

Српски „Информер“ дезинформира – не се менува знамето, тоа беше во 1995 година

Деновиве српскиот портал „Информер“објави текст со наслов со кој ја дезинформира јавноста:

 „КРАЈ ЗА СОНЦЕТО ОД ВЕРГИНА! Македонците го отстрануваат симболот од знамето заради договорот со Грците! (KRAJ ZA SUNCE VERGINE! Makedonci uklanjaju i simbol sa zastave zbog dogovora sa Grcima!).

Во конкретниот случај има грешка во вториот дел од насловната конструкција, каде е пласирана неточна информација, поради што се добива впечаток дека се менува македонското знаме.

Имено, воопшто не станува збор дека ќе се „отстранува симболот од знамето заради договорот со Грците“. Бидејќи сонцето од  Вергина одамна не се наоѓа на актуелното македонско знаме, овој симбол е отстранет уште од 1995 година како обврска Привремената спогодба.

Всушност, вистината е дека се брише сонцето од Вергина (ѕвездата од Кутлеш) од симболите на јавните институции и на јавните простори, како и од јавните објекти и површини. А, тоа го побара  Владата на Северна Македонија  од локалните самоуправи, согласно Договорот од Преспа.

Впрочем, ваквата информација е точно пренесена во содржинскиот дел на текстот на „Информер“, само написот е врамен со погрешен  наслов. Дополнително, написот е илустриран со несоодветна фотографија – актуелното знаме на Македонија, со што се засилува впечатокот дека се прават корекции на постојното знаме. Што, секако не е точно.

Да споменеме и тоа дека, повеќе српски медиуми, објавија коректни текстови на оваа тема , но како илустрација го одбраа актуелното македонско знаме (без опис за кое знаме се работи), што претставува погрешен избор.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …