Српско „независно“ новинарство: Јована Јоксимовиќ брка од емисија претседател на политичка партија заради искажано мислење

Српско „независно“ новинарство: Јована Јоксимовиќ брка од емисија претседател на политичка партија заради искажано мислење

Водителката и уредничка на политичка емисија на српската телевизија „К1“, Јована Јоксимовиќ, сопруга на пејачот и композитор Жељко Јоксимовиќ, го отстранила од емисија Млаѓан Ѓорѓевиќ, претседател на движењето „Ослободување“, заради искажано негативно мислење за претседателот на државата, Александар Вучиќ.

Недоличното и непрофесионално однесување на водителката, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи во Србија. Освен тоа што ја нарекуваат „квазиновинарка“, коментарите одат во насока дека сопругот морал на Јелена да и’ купи телевизија, што било единствениот начин да стане уредничка на медиум.

Кавгата во емисијата ескалирала откако Ѓорѓевиќ ја спомнал купопродажбата на српската новинска агенција ТАНЈУГ, што било причина емисијата да биде прекината со реклами, после кои гостинот бил отстранет од студиото.

За потсетување, Жељко Јоксимовиќ заедно со Мања Грчиќ, ја купи српската новинска агенција ТАНЈУГ како и ТВ „К1“, во која Јована е уредник и водител на политичка емисија.

https://www.youtube.com/watch?v=mDfiK_06IP4&t=22s

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …