Уште една позната фонтана лоцирана во строгиот центар на градот под Пелистер, утринава замина во историјата.

2

Фонтаната пред зградата на СВР Битола сабајлево потклекна пред налетот на багерите. Граѓаните на Битола со неверување гледаа како исчезнува уште еден препознатлив белег на градот. Велат дека се изненадени од потегот на градските власти, дека немале информација оти се спрема нејзино рушење и оти не знаат што ќе се гради на нејзино место.

3

Ова е втора фонтана срушена во рок од неколку месеци, откако во април истата судбина ја доживеа и фонтаната која се наоѓаше наспроти спортската сала „Младост“.