Стандард: Изјавите на Вархеји предизвикуваат чудење во ЕУ

Стандард: Изјавите на Вархеји предизвикуваат чудење во ЕУ

Изјавите на комесарот Оливер Вархеји за можно разделување на С. Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, предизвикаа бура од негодување во кругови на ЕУ и меѓу познавачите на приликите во Југоисточна Европа, пишува австрискиот весник Стандард. Висок службеник на Европската комисија за Стандард вели дека изјавите на Вархеји наишле на чудење во Брисел.
„Не разбираме што му стана, ние секогаш велевме и, и понатаму ќе велиме: Северна Македонија ги исполни сите критериуми“.
Службеникот дополнува дека му е нејасно зошто воопшто се шпекулира за разделување на европскиот пат на двете земји, кога одлуката ќе ја донесе Советот на ЕУ, а таму не постојат никакви амбиции за раздвојување.

Текстот во целост можете да го прочитате на веб сајтот на DW на Македонски јазик.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …