аеродром скопје

Стапи на сила Одлуката за преименување на аеродромот и автопатот

Со објавата во Службен весник на Република Македонија стапи на сила владината одлука за преименувањето на автопатот од коридорот 10 и на скопскиот аеродром.

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека наскоро ќе бидат променети 19 табли.

Одлуката за преименување на автопатот и на аеродромот, што беше донесена на седница на Владата минатата недела, вчера беше објавена во ЈП „Службен весник“.

Сегашното име на автопатот „Александар Македонски“ се користи од јули 2008 година, со одлука на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Година и половина претходно, исто така со одлука на владата на чие чело беше Никола Груевски, скопскиот аеродром Петровец беше именуван „Александар Велики“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Грковска на средба со струмичките средношколци: Интегритетот, чесноста и одговорноста се клучни вредности за градење подобро општество

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска го …