Стапува на сила трипартитниот договор со Австрија и „Фајзер/Бионтек“ за набавка на 119.600 вакцини

Стапува на сила трипартитниот договор со Австрија и „Фајзер/Бионтек“ за набавка на 119.600 вакцини

По најавата од Европската комисија во декември минатата година за обезбедување на механизам за распределба на вакцини за земјите од Западниот Балкан преку репрограмирање на ИПА-средства во износ од 70 милиони евра, Секретаријатот за европски прашања информира дека денеска стапува на сила трипартитниот договор помеѓу Северна Македонија, Австрија и „Фајзер/Бионтек“ за набавка на 119.600 дози вакцини против ковид-19.

„Им благодариме на пријателска Австрија, останатите земји членки и Европската комисија за солидарноста. Оваа помош за македонските граѓани немаше да биде возможна без несебичното залагање на австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг и еврокомесарот Вархеји, на кои би сакал и лично да им се заблагодарам, особено имајќи го предвид предизвикот за обезбедување на вакцини, како во ЕУ земјите членки, така и глобално“, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Со овој договор не се исцрпуваат сите средства, имајќи предвид дека, во рамките на механизмот на Северна Македонија ѝ беа распределени 8,19 милиони евра.

„Владата, во соработка со Европската комисија, ќе продолжи со преговорите за потпишување дополнителни трипартитни договори до конечно исцрпување на грант средствата. Оваа конкретна набавка ќе биде испорачана во четири месечни наврати, почнувајќи од првата недела во мај, кога се очекуваат околу 19.000 дози“ се додава во соопштението од СЕП.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …