Стартува кампањата „Носи маска“

Стартува кампањата „Носи маска“

Владата на РСМ и Министерството за здравство ја започнуваат кампањата за носење маски, со цел да се поддржи Законот за заштита на населението од заразни болести и да се подигне свеста на граѓаните од важноста на почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од корона вирусот.

Од Министерството за здравство соопштват дека кампањата ќе оди со слоганот „НосамМаска“, која е подржана и ќе биде промовирана од страна на сите функционери членови и поддржувачи. „Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од корона вирусот. Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата“, соопштија од ова министерство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …