Стартуваа подготовките за осмиот по ред турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“

Стартуваа подготовките за осмиот по ред турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“

Од 7 до 25 декември, во Прилеп по осми пат ќе се одржи турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2018“. Турнирот е во организација на Локалниот спортски сојуз и Општина Прилеп, а покровител е компанијата „Комфи Ангел“. Турнирот се одржува во чест на патронот на градот, Свети Никола, кој и оваа година ќе има хуманитарен карактер.

Стартуваа подготовките за осмиот по ред турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“Потпишувајќи го меморандумот за соработка со Локалниот спортски сојуз – Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски нагласи дека средствата од годинешниот турнир ќе бидат наменети за децата со ретки блести.

 

„Турнирот ќе започне на 7 декември и ќе трае до 25 декември, кога ќе се одржат финалните натпревари во различните возрасни групи. И оваа година турнирот ќе биде од хуманитарен карактер. Минатата година собраните средства во висина од 180.000 денари му беа донирани на Центарот за лица со церебрална парализа, а годинава тие ќе бидат наменети за децата со ретки болести, како што е цистичната фиброза. Тоа е ретка болест и овие пациенти имаат целогодишна терапија, заради што им се потребни поголеми финансиски средства. Се надевам дека и оваа година ќе имаме одговорни компании и граѓани кои ќе го поддржат светиниколскиот турнир во мал фудбал и дека на него учество ќе земат голем број екипи“, изјави градоначалникот Јованоски.

Стартуваа подготовките за осмиот по ред турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“Сопственичката на компанијата „Комфи Ангел“, Ирена Јакимоска рече дека и’ е особено драго што продолжува традицијата на одржување на турнирот во мал фудбал, од причина што еден од иницијаторите за негово одржување е нејзиниот татко Велимир Јакимоски.

„Нашиот став како компанија, е дека доколку имаме континуитет и квалитет во одржувањето на турнирот, само така можеме да градиме историја. Сакам да потенцирам дека освен што ‘Комфи Ангел’ и понатаму ќе учествува во неговата организација, не треба да го заборавиме главниот актер кој што го иницираше турнирот, а кој физички не е повеќе меѓу нас, мојот татко Велимир Јакимоски. Се надевам дека повторно фудбалот ќе победи и ќе имаме можност да гледаме квалитетни натпревари“, истакна Јакимоска.

Што се однесува до делот на техничката припрема на турнирот „Свети Никола 2018“, Рубин Илиоски од Локалниот спортски сојуз – Прилеп нагласи дека подготовките се одвиваат според планот.

Стартуваа подготовките за осмиот по ред турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“„Наградниот фонд на турнирот изнесува 330.000 денари, од кои 160.000 се за првото место, 90.000 за второто и 60.000 денари за третото место. Наградата за првопласираната екипа кај ветераните е 20.000 денари, а најдобрите во конкуренција на најмладите ќе добијат блузони, дуксерки и фудбалски топки. Пријавувањето до 4 декември ќе изнесува 5.000 денари за сениори, 3.000 за ветерани и 1.500 денари за пионери“, потенцираше Илиоски.

Турнирот во мал фудбал е дел од повеќето манифестации кои што се одржуваат во чест на одбележувањето на патронот на градот Свети Никола, чие чествување се одржува на 19 декември, а чиј годинешен домаќин е семејството на градоначалникот Јованоски.

Прочитајте повеќе

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи …