Ставен во функција новиот информатички кабинет во СОУ „ Ѓорче Петров“

Ставен во функција новиот информатички кабинет во СОУ „ Ѓорче Петров“

Во средното училиште „Ѓорче Петров“, денеска беше ставена во функција нова просторија, наменета за изведување на кабинетска настава по предметот информатика. Средствата за реализација на овој зафат во висина од околу 700.000 денари се од училиштето.

„Набавени се 21 нови и модерни компјутери, смарт табла за чија набавка дел од средствата издвои Коалицијата на младински организации СЕГА, а поставен е и нов инвентар“, истакна директорот на ова средно општинско училиште, Страшо Ѓорѓиоски.

Реализацијата на овој проект, апсолутно ќе го подобри процесот на изведување на наставата по предметот иформатика , истакна предметниот професор Гоце Неделкоски и додаде дека во училиштето и претходно имало кабинет, но со застарени компјутери.

„Со реализацијата на оваа инвестиција направено е инфраструктурно проширување на  просторот, кој е опремен со нова техничка опрема и нов инвентар, а сето тоа на мое задоволство и пред се’ на нашите ученици“, потенцираше професорот по информатика во СОУ „Ѓорче Петров“ , Неделкоски.

Во СОУ „Ѓорче Петров настава посетуваат околу 800 ученици, а во иднина како како што истакна директорот на СОУ „Ѓорче Петров“,  Ѓорѓиоски се планира да биде направен и кабинет за изведување на наставата по физика и математика.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …