Претставници на поранешните вработени во АД ОХИС Скопје-во стечај и претставници на Синдикатот денеска одржаа средба со министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ.
Од Владата информираат дека на состанокот, на нивно барање, им бил презентиран извештајот од електронската продажба на недвижниот и подвижниот имот од стечајната маса на ОХИС, и планот за авансна распределба на парични средства на доверители.
„Им беше објаснето дека согласно Законот за интегрирана наплата на плата и придонеси од плата, следува да се изготват нови пресметки на плата и придонеси од плати на вработените, за намирување на побарувањата на доверителите“, велат од кабинетот на Шапурќ.
На барање на поранешните вработени, министерот Шапуриќ им ветил дека ќе се заложи тие да остварат средба со Народниот правобранител и претседателот на Основен суд Скопје 2.
Оваа е осма средба помеѓу Шапуриќ и претставници на поранешните вработени во ОХИС која е во стечај и претставници на Синдикатот.
Извор: МЕТА