Стефче Јакимоски ја прекина коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош

Стефче Јакимоски ја прекина коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош

Градоначалникот на општина Карпош и претседател на партијата ГРОМ, Стефче Јакимовски, денеска објави прекин на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, поради како што рече, притисоци, подметнувања и нарачки од еден центар.

„По 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, морам да соопштам дека повеќе таа коалиција не може да опстои овде во општина Карпош. Затоа што јас како градоначалник со моите години, и со моето искуство, и со мојот карактер, не можам да дозволам повеќе некој да се поигрува и со мене, и со Советот на Општина Карпош, но и со интересите на граѓаните на Карпош во кои што влегуваат и обични граѓани, и стопанственици, и богати и сиромашни, и од различни етнички заедници. затоа Карпош и јас мораме да им се спротивставиме на опструкциите, мораме да им се спротивставиме на командите од еден центар, мораме да му се спротивставиме на шпицен-градоначалникот“, изјави Јакимовски.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …