Стејт Департментот ги поддржува лидерите на Македонија и Грција во обидот за решение

САД и натаму ги поддржуваат актуелните преговори под водство на Обединетите нации за проблемот околу името на Македонија, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, нагласувајќи ја поддршката за решение на овој долгогодишен спор.

„Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе најдат заедничко прифатливо решение за проблемот со името, што ќе биде во интерес на евроатлантската интеграција, економскиот просперитет, мирот и стабилноста во регионот“, соопшти Стејт департментот.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека решението за деценискиот спор за името никогаш не било поблиску, но не изнесе повеќе детали за евентуалниот договор, кој според најавите треба да се финализира во телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас.

Претседателот Ѓорге Иванов, пак, по вчерашната средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров на која беше инфомиран за текот на процесот за решавање на спорот со Грција, соопшти дека за него е неприфатливо име за севкупна употреба и промена на Уставот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …