Милорад Додик

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Милорад Додик

„Ја почитуваме денешната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, напиша Тами Брус на „Х“

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на „Х“ објави дека Стејт департментот ја поддржува првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

 

„Ја почитуваме денешната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, напиша Тами Брус на „Х“.

Таа додаде дека САД со децении наназад инвестираат во стабилна Босна и Херцеговина.

Милорад Додик беше осуден на една година затвор поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

„Ние цврсто се спротивставуваме на какви било активности на локалните лидери кои би ја поткопале безбедноста и стабилноста. Го поддржуваме Дејтон и суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, напиша Брус на Х.

Судот го осуди Додик на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на РС.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Блокадите пред РТС

Продолжуваат блокадите пред РТС: Дневникот започна два часа подоцна, редарите бараат повлекување на граѓаните

РТС тврди дека блокадите се незаконски и бараат од студентите да ги прекинат. Од РТС …