Стипендии за девојки и жени од ранливи категории за подобрување на дигиталните вештини

Стипендии за девојки и жени од ранливи категории за подобрување на дигиталните вештини

Сеавус Едукативен и развоен центар во соработка со IMPACT Foundation го отвори повикот наменет за сите заинтересирани жени и девојки од ранливи категории кои сакаат да ги надградат своите дигитални вештини преку субвенционираната програма (академија) за дигитален маркетинг.

Програмата е првенствено наменета за невработени девојки и жени до 29 години, а предност ќе имаат апликациите кои ќе бидат од внатрешноста на земјава, информираат од Сеавус Едукативен и развоен центар.

Времетраењето на академијата е 4 месеци и истата комплетно ќе се одвива онлајн. Сеавус Едукативен и Развоен Центар заедно со RECONOМY покриваат 80 отсто од вкупната школарина. Остатокот од школарината во износ од 270 евра учесничките ќе имаат можност да го исплатат на рати најдоцна до 1 декември 2022 година.

Сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат дел од оваа програма, треба да ја пополнат апликацијата на следниов линк, по што ќе бидат контактирани од страна на Сеавус Едукативен и развоен центар.

Повикот ќе биде отворен најдоцна до 13 декември 2021, а за сите дополнителни информации заинтересираните лица може да се обратат на следната имејл-адреса slavica.miloshevikj@seavus.com или контакт телефон 075 334 547.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …