Стив Бенон, екс-советникот на Трамп уапсен за проневера на донации за изградба на ѕидот на границата со Мексико

Стив Бенон, екс-советникот на Трамп уапсен за проневера на донации за изградба на ѕидот на границата со Мексико

Стив Бенон, поранешниот советник – главен стратег на претседателот на САД, Доналд Трамп, е упасен вчера и обвинет за измама на „стотици илјади донатори“ во онлајн-кампања за собирање пари за изградба на ѕид долж границата на САД и Мексико, јавија американските медиуми.

Бенон (66) е обвинет за измама заедно со тројца други поддржувачи на Трамп. Тие собрале 25 милиони американски долари во онлајн-кампањата за собирање средства за изградба на ѕидот, којшто американскиот претседател одамна го ветува. Кампањата била приватна иницијатива на четворицата.

И покрај ветувањата на организаторите на кампањата „We Build the Wall “ (Ние го градиме Ѕидот) дека нема да си пресметуваат плати и дека до последниот цент ќе биде наменет за изградба на граничниот ѕид, федералните обвинители од Њујорк обвинуваат дека Бенон добил повеќе од милион американски долари од собраните пари. Брајан Колфиџ (38), ветеран на Военото воздухопловство на САД, примил стотици илјади долари, и со донираните пари си купил и бротче „Ворфајтер“, кое го користел и во кампањата на Трамп неодамна во сојузната држава Флорида. И Бенон и Колфиџ, но и нивните ортаци Ендрју Бадолато (56) и Тимоти Шиа (49), се соочуваат со можна 20-годишна затворска казна.

Бенон, поранешен директор на ултранационалистичкиот и ксенофобен медиум „Брајтбарт“ стана шеф на кампањата на Трамп во август 2016 година, а точно една година подоцна беше отпуштен од позицијата Главен стратег, во рамките на акцијата за „прочистување“ на Белата Куќа.

Бенон е националист, краен конзервативец, поранешен продуцент и режисер на документарци и најновиот од листата на соработници на Трамп што биле или обвинети или осудени за кривични дела. Така, Бенон, „се придружува“ на поранешниот менаџер на кампања на Трамп, Пол Манафорт, поранешниот советник на Трамп за национална безбедност Мајкл Флин, потоа долгогодишниот адвокат и помошник на Трамп, Мајкл Коен, долгогодишниот помошник на Трамп, Роџер Стоун, поранешниот помошник за кампања на Трамп, Рик Гејтс, како и неговиот колега Џорџ Пападопулос.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Германија: Забрана на АфД? Повикот е сѐ погласен

Германија: Забрана на АфД? Повикот е сѐ погласен

Алтернатива за Германија триумфираше на три покраински избори, предизвикува превирања во парламентот на Тирингија и …