Три бебиња починаа од епидемијата на морбили, која во Македонија започна во декември 2018 година, зголемувајќи ги стравувањата дека таа е резултат на долгогодишната пропаганда против вакцинирањето промовирана од десничарските популисти, пишува „Глобал војсис“.
Помеѓу три и десет лица дневно се дијагностицираат со морбили во Македонија и над 259 лица се евидентирани како заболени досега, објави Институтот за јавно здравје, главната национална здравствена институција.
Институтот исто така посочи дека повеќе од половина од регистрираните случаи се деца на возраст под четири години, додека, пак, секоја петта жртва е постара од 30 години.
Во меѓувреме, прогресивни медиуми и граѓански организации обрнаа внимание на проблемот со дезинформирањето, додека, пак, граѓаните ги користат друштвените мрежи како средство за конфронтирање со застапниците за прекин на вакцинирањето (таканаречените „антиваксери“ или „антивакцинатори“).
Скандалот со фармацевтска компанија која наводно ставила погрешни датуми на декларациите увезени во Македонија, против која беше покрената истрага, дополнително ги засили позициите на противниците на вакцинирањето.
Целиот текст може да го прочитате тука.
Извор: МЕТА