„Стој овде“ – пред банките и маркетите Општина Прилеп постави налепници за одржување на потребното растојание

Во насока на ефикасно спроведување на мерките на Владата, Министерството за здравство и Општинскиот кризен штаб, а со цел заштита на здравјето на граѓаните, пред експозитурите на банките и маркетите во градот, Општина Прилеп постави налепници за одржување на препорачаното растојание меѓу граѓаните од минимум два метра.

Истовремено, во обезбедување на редот пред банките и маркетите, каде и покрај бројните апели за држење на растојание се создаваат непотребни гужви, од денеска ќе бидат вклучени и претставници на Армијата на Република Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Таа напиша дека „пари од нечесник не сака“ и поради тоа се откажува од паричниот …