Столтенберг

Столтенберг: Дронот не бил вооружен, останал без гориво и се урнал надвор од Загреб

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција беше прашан за падот на дронот во Загреб.

 

„Разговарав со Пленковиќ во неделата, соработуваме за да ги утврдиме сите факти. Прелиминарните индиции велат дека дронот не бил вооружен, дека бил надвор од курсот, дека останал без гориво и се урнал надвор од Загреб“, рече Столтенберг.

„Наскоро ќе имаме повеќе информации. Исто така е важно да се знае дека сојузниците споделуваат информации и дека системот на НАТО го надгледувал ова беспилотно летало и потоа се урнало“, рече тој.

„Треба да инвестираме во радарска контрола и противвоздушни системи. Тоа е она што го правиме, распоредивме Patriots на источните граници“, рече Столтенберг.

Gенералниот секретар на НАТО, изрази загриженост дека Русија се подготвува да спроведе „операција со лажно знаме“, а главен аргумент за ова тврдење беше фабриката за лаги што секојдневно пристигнува од Москва.

„Последниве денови слушаме апсурдни тврдења за биолошки лаборатории и хемиско оружје. Тоа се лаги и затоа сум загрижен дека се подготвува. Се плашам и од напади со хемиско оружје“, изјави Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево предупреди дека секаква употреба на хемиско оружје значи нарушување на повелбата за забрана на хемиско оружје, потпишана од Русија. Ја повикуваме Русија да не го користи и да ги повлече своите сили, и посебно хемиското оружје, изјави денес Столтенберг.

Тој напомена дека во минатото е документирана употребата на биолошко оружје од страна на Русија на странска територија против политички опозиционери, како и помош за хемиски напади во Сирија во повеќе наврати, ова, рече тој, „е еднакво на воено злосторство“, и не ја исклучи можноста од „лажна операција“ од страна на Русија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …