Столтенберг: Русија не одлучува за членството на Македонија во НАТО

Столтенберг: Русија не одлучува за членството на Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денеска порача дека само Македонија и 29-те земји членки на Алијансата можат да одлучуваат за членството на земјата во Алијансата, пренесува МИА.

На прес-конференција ден пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Брисел, генералниот секретар Столтенберг, прашан да ги коментира изјавите на рускиот амбасадор во Македонија дека земјата ќе стане „легитимна цел“ во случај на конфликт доколку стане членка на НАТО, рече дека станува збор за покажување сила.

– Целата идеја дека Русија нема да прифати одредени земји да станат членки на НАТО е идеја на сфери на влијаниа каде големите сили ги контролираат помалите држави и тоа е во контрадикција со се за што НАТО се залага. Прво мислам дека е важно правото на секоја нација да одлучи за сопствениот пат и безбедносни договори, ова е фунадаментален принцип за НАТО. На Скопје е да одлучи за сопствениот пат и дали сака да се приклучи кон НАТО. Македонија и 29-те сојузници на НАТО одлучуваат за тоа и никој друг нема збор во овој процес – одговори Столтенберг.

Како што јави дописничката на МИА во Брисел, Столтенберг рече дека го поздравува напредокот во преговорите за спорот за името и оти е информиран за тоа.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …