СТОП ЗА ИЗВРШИТЕЛИТЕ: СИМНЕТЕ НИ ЈА ИЗВРШИТЕЛСКАТА ЈАМКА ОД ВРАТОТ

СТОП ЗА ИЗВРШИТЕЛИТЕ: СИМНЕТЕ НИ ЈА ИЗВРШИТЕЛСКАТА ЈАМКА ОД ВРАТОТ

Симнете ни ја „јамката околу вратот“, или правдата ќе ја земеме во свои раце – порачаа револтираните граѓани кои денеска излегоа на протест пред Министерството за правда. Велат и платите и пензиите не им стигнуваат да ги подмират наталожените долгови и камати за извршители. Оштетените граѓани денеска уште еднаш си ги раскажаа маките – за 1 денар долг, плаќаат и по 600.000 денари заостаната камата.

До ресорното Министерство доставија своерачно напишани поплаки. Дел од претставниците од организацијата „Стоп за извршители“ беа примени во Министерството. Побараа законски измени и ревизија на целиот процес на наплата.

Од Министерствотот за правда велат ќе бидат разгледани сите поплаки, но и дека е извршен надзор над работата на изврвшителите.

Доколку институциите и овој пат останат глуви на нивните барања граѓните најавија протести секој нареден вторник. Во моментов, како што информираа од организацијата, околу 88.000 имаат блокирани сметки.

Извор: ТВ24

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …