Стопанствениците бараат да се забрза изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Стопанствениците бараат да се забрза изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Доколку не може да се забрзаат подготовките и процесот на изградба на автопатот Скопје – Блаце, тогаш барем да се испочитува ветениот рок од 2023 година за пуштање во употреба на делницата долга 12,5 километри. Ваков е ставот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во однос на актуелните рокови за изградба на овој автопат до крајот на 2024 година.

– Срамен е фактот што за 12,5 километри автопат ѝ оневозможивме на нашата економија и нашиот бизнис сектор, пристап до пристаништето во Драч и употребување на 320 километри автопат кој веќе е изграден од страна на Косово и Албанија – велат за „Мета.мк“ од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.

Стопанствениците се жалат дека токму граничниот премин „Блаце“ е единствената можност по копнен пат да вршат извоз на стоки кон Косово или да транзитираат преку оваа земја. Од Комората постојано барале од властите да обезбедат терминал за царински услуги на граничниот премин „Јажинце“ кај Тетово, а идентичен проблем е и со новоотворениот граничен премин „Белановце-Станчич“ кај Куманово.

– Косово заедно со Албанија се единствените држави со кои имаме позитивна трговска размена, и за нашата земја тоа претставува пазар, можност која за жал веќе многу години не е искористена како што треба. Сметаме дека треба што поскоро да се изгради автопатот Скопје – Блаце – посочуваат од ова стопанска комора.

Претставниците на бизнис сектор потенцираат дека нашата земја е лошо рангирана на Глобалниот Индекс на конкурентност спроведен од Светскиот економски форум. Во столбот на инфраструктура, нашата земја е рангирана на 75-то место од 141 држава, додека во субкатегоријата за поврзаност на патиштата се наоѓаме на 91-во место. Според квалитетот на патиштата, стопанствениците велат дека се наоѓаме на уште полоша позиција – како 105-та држава од вкупно 141.

Во меѓувреме, сопствениците на земјиштето по кое треба да минуваат првите два километри од трасата на автопатот Скопје – Блаце се незадоволни од понудената цена за експропријација. Тие тврдат дека државата им нуди експропријација на земјиштето по цена од 200 денари за метар квадратен за локации за кои сопствениците сметаат дека треба да им се исплатат по 50 евра за квадрат. Тие бараат реална проценка на земјиштето од страна на вештаци, а во спротивно велат дека правдата ќе ја бараат пред судот во Стразбур.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …