Сторијата на „Би-би-си“ за македонското малцинство уште бранува во Грција

Андреас Петридес, претседател на Унијата на Македонците е уште еден од низата Грци што влегоа во спор со британскиот јавен радиодифузен сервис „Би-би-си“, по репортажата за етничките Македонци во Грција, но притоа не успева да изнесе вистински аргументи, туку само повторува класични грчки флоскули. Претходно со остри критики врз „Би-би-си“ се нафрли и амбасадорот на Грција во Лондон.

Како што пишува „иЕфимерида“, Петридес, претседател на огранокот на Унијата на Македонците во Велика Британија ја оспорил репортажата, бидејќи, како што вели тој, таа на едно место тврди дека македонскиот јазик бил забранет од диктаторот Јоанис Метаксас, а на друго место дека не бил официјално забранет. Одговорот на „Би-би-си“ бил оти репортажата јасно става до знаење дека јазикот не бил официјално забранет неколку децении.

Но наспроти ова, од британскиот јавен радиодифузен емитер воопшто не нашле за сходно да одговорат на Петридес за неговите тврдења дека репортажата била еднострана, со многу малку споменување на официјалните грчки позиции и оти во неа Грција, членка на Европската Унија, се обвинува за нарушување на човековите права, што според претседателот на Унијата на Македонците, е невистина.

Наспроти сите погоре наведени тврдења на Петридес, светската историографија јасно го одбележува односот на грчката држава кон Македонците и другите националисти во текот на речиси целиот 20 век, што „Би-би-си“ соодветно го образлага во репортажата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …