Став на Комисијата за култура на СДСМ
После две години институционален зимски сон, Министерството за култура конечно се разбуди,но не од грижа за македонскиот јазик, туку од гласините за реконструкција.
Зоран Љутков конечно формира Работна група за Национална стратегија 2027–2031. Значи, откако две години немаа ниту визија, ниту програмска насока, ниту конкретни резултати , сега ќе пишувале стратегија за пет години однапред… пред да заминат.
Ова е политички феномен – кога фотелјата почнува да се ниша, стратегиите никнуваат.
Македонскиот јазик не е ПР-штит пред смена.
Не е последна фотографија за албумот „што сè направивме“.
И не е алиби за две изгубени години.
Ако навистина им беше приоритет, стратегијата ќе беше готова во првата година од мандатот, со јавна расправа, со буџетска рамка и со конкретни мерки за институциите што денес финансиски и кадровски тонат.
Ама наместо тоа добивме Фејсбук статус.
Комисијата за култура на СДСМ нема да дозволи македонскиот јазик да се користи како политички декор во последните недели од еден неуспешен мандат.
Стратегијата за јазикот не смее да биде проштално писмо на министерот.
Македонскиот јазик е темел на државата.
А темел не се става кога зградата веќе се тресе.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место