Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен северен ветер. Во повеќе места повремено ќе провејува снег, а во јужните делови врнежите ќе бидат со слаб до  умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1 Целзиусов степен.

Во Скопје, претежно облачно со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен, околу пладне засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до -1 Целзиусов степен.

Под влијание на многу студена воздушна маса, следува период на променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Повремен слаб снег ќе има и во недела, а во првите два дена од следната недела ќе биде сончево со умерена облачност, но и натаму ќе биде студено.

Снежната покривка во Маврови Анови изнесува 56 сантиметри, 26 во Крушево, 24 во Битола, 17 во Тополчани, 11 во Пожаране, 10 во Берово, осум во Лазарополе.