Студено време

Студено време со повремен локален снег

Денеска ќе се задржи променливо облачно и студено време, со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.

До петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од сабота следува период на стабилно време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Минималната температура ќе се движи од -7 до 2, а дневната од 1 до 7 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

За што воопшто служи „Ќациленд“ и колку долго ќе постои?

За што воопшто служи „Ќациленд“ и колку долго ќе постои?

Во последно време, областа, која зафаќа околу 3,6 хектари, стана клучно место. Двојна метална ограда, …