Студено време со снежни врнежи

Студено време со снежни врнежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи главно од снег, освен на крајниот југоисток каде ќе бидат од дожд.

Повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови од земјава.Минималната температура ќе се движи од -9 Целзиусови степени до 0 степени, додека максималните температури ќе се движат од минус -2 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината температурата ќе се движи од -6 до 1 Целзиусов степен.

Во првите два дена од работната седмица ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Во среда и во четврток се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …