Студенти што примаат семејна пензија останаа без право на субвенциониран оброк

Студенти што примаат семејна пензија останаа без право на субвенциониран оброк

Голем број студенти кои примаат наследена семејна пензија од починат родител од овој месец останале без право на субвенциониран студентски оброк, објави вчера инстаграм страницата Студентарија.

Како што велат во објавата оваа категорија досега немала проблеми со земањето на оброк, а додааваат и дека укинувањето на оброкот за оваа категорија студенти е неправедно и социјално неодговорно.

„Прекинато е правото на субвенциониран студентски оброк на голем дел од студентите што земаат наследена семејна пензија од починат родител. Оваа социјална категорија студенти досега немаше проблем во остварувањето на правото на оброк, но од месецов се лишени од користење на мерката. Семејната пензија, исто како и државните стипендии, не треба да се земаат предвид како месечни приливи и да бидат пречка во стекнувањето на правото на субвенции за оброк“, се вели во објавата.

Бараат надлежните да го преиспитаат критериумот и да го вратат правото на оброк за оваа категорија студенти.

Од Универзитетското студентско собрание известија дека била одржана средба со надлежните во врска со овој проблем со кој во моментов се соочуваат 1000 студенти.

Оттаму велат дека очекуваат до петок да биде продолжено правото на субвенциониран студентски оброк.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Повторно судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Повторно судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се …