Студенти во САД: Привремено запрено одземањето на визите

Студенти во САД: Привремено запрено одземањето на визите

Американската влада под раководство на претседателот Доналд Трамп очигледно привремено го стопираше укинувањето на стотици визи за странски студенти. Како што известуваат новинскиот онлајн портал Политико и весникот Њујорк Тајмс веќе избришаните профили провремено повторно ќе бидат активирани. Според медиумите најнапред треба да се развие нов систем за проверка на визите. Исто така, привремено ќе биде запрено одземањето на врзите само врз основа на проверки на криминалното минато. Извештаите се базираат на изјавите на адвокатите од американското Министерство за правда на судските рочишта по тужбите против оваа практика на администрацијата на Трамп.

Паника и несигурност

Ненадејните поништувања на визи предизвикаа значителна несигурност и паника меѓу меѓународните студенти во САД. Според Американската асоцијација на адвокати за имиграција, од почетокот на мандатот на Трамп, податоците на повеќе од 4.700 странски студенти се избришани од базата на податоци „Системи за информации за студенти и посетители на размена“ (СЕВИС) што ја води американската имиграциска служба.

Странски студенти на „нишан“

Нејасно е колку од погодените студенти веќе ги напуштиле САД. Иако имиграциската политика на Трамп првенствено е насочена против илегалните доселеници, неодамна сè повеќе на нишан се најдоа и странски студенти со легален статус на престој. Во фокусот беа – иако не исклучиво – студенти кои беа активни во пропалестинските протести минатата година за време на војната во Газа. Според порталот Политико, понекогаш дури и помали прекршоци како сообраќајни прекршоци служеле како образложение за одземање на визата.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Русија ја нападна Украина со беспилотни летала и ракети, загинаа најмалку 12 лица

Русија ја нападна Украина со беспилотни летала и ракети, загинаа најмалку 12 лица

Руските напади убија најмалку 12 лица во Украина, соопштија локалните власти, откако Москва го нападна …