Студентите на УКИМ организираат журка за реновирање на студентските домови

Студентите на УКИМ организираат журка за реновирање на студентските домови

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) утре организира хуманитарна забава на која собраните средства ќе бидат наменети за реновирање на дел од објектите во студентските домови.

Од ова студентско собрание за Мета.мк велат дека забавата има за цел директно да помогне во подобрувањето на условите во студентските домови.

Една од опциите за искористување на собраните средства е опремување на објект што е дел од втората зграда во студентскиот дом „Стив Наумов“ кој треба да претставува еден вид младински информативен клуб, налик на Студентскиот културен центар што треба да се отвори наскоро. Тие појаснуваат дека нивна цел со донирањето во домовите не е да ја завршат работата на МОН, туку како студенти да помогнат да се изгради нешто кое понатаму ќе го користат и следните генерации на студенти.

Забавата ќе се одржи утре со почеток во 19:00 часот во „Skopje Event Centar“, а билетот ќе чини 100 денари. На забавата ќе настапат повеќе македонски пејачи, бендови и диџеи.

Студентите на УКИМ ги повикаа општествените чинители да се приклучат на иницијативата и да ги контактираат на studentsko.sobranie@ukim.edu.mk.

„Ја користиме оваа прилика да ве поканиме сите вас активни чинители на ова општество кои сте директно или индиректно засеганти од лошите услови во студентските домови и би сакале да помогнете на каков било начин, да присуствувате на нашата „Журка за реновирање““, стои во повикот на УСС УКИМ, од каде додаваат дека кутии за донации ќе бидат поставени на сите следни настани што ќе бидат во нивна организација.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители …