Студентите од денеска можат да си ги заверат бесплатните слободни од ЈСП за наредната година

Студентите од денеска можат да си ги заверат бесплатните слободни од ЈСП за наредната година

Сите студенти кои користат бесплатен студенстски билет за транспорт со автобусите на Јавното сообраќајни претпријатие Скопје, можат на сите билетарници да го заверат билетот за да им важи и во 2026 година. Како што информираат од ЈСП, заверките почнуваат од денеска и ќе се вршат во било кој центар за персонализација.

„Потребно е лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид. На студентите/бруцоши од студентската 2025/2026 година, билетот автоматски им важи и за
наредната календарска година“, се вели во соопштението од ЈСП.

Прочитајте повеќе

рек битола ЕСМ

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола – уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола …