Судијата од Кривичниот суд, Ненад Савески е предлогот на Владата за нов државен јавен обвинител, кој, доколку добие зелено светло од Собранието, ќе треба да дојде на местото на досегашниот обвинител, Љупчо Коцевски.
Владата, на денешната седница го избра Савески, помеѓу четири кандидати, за кои Советот на јавни обвинители претходно даде позитивно мислење, заедно со Анита Тополова-Исајловска Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ.
Ненад Савески е магистер на правни науки од областа на казненото право, кој кариерата ја почнал во 2000 година како судски приправник и стручен соработник во Основниот суд во Гостивар, а во 2009 година бил избран за јавен обвинител во Основно јавно обвинителство во Скопје. Во 2016 година е избран за судија на Основниот кривичен суд во Скопје.
Досега судел предмети за организиран криминал и корупција во специјализираниот оддел во Кривичниот суд во Скопје.
Извор: МЕТА
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место