Судот ја забрани книгата на Стојан Андов по тужба од Фрчкоски

Судот ја забрани книгата на Стојан Андов по тужба од Фрчкоски

Скопскиот Основен суд изрече времена мерка забрана на продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него”, по тужбата за повреда на личните права на тужителот, професорот Љубомир Фрчкоски.

Фрчкоски тужи за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со изнесеното во книгата околу атентатот на Киро Глигоров, каде Андов укажува на можна вмешаност на екс-политичари во атентатот кој никогаш не доби разрешница.

Забраната за продажба на книгата ќе важи до правосилно завршување на постапката за утврдување на одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета.

Книгата е во издание на „Матица македонска“, а решението на судот се однeсува на сите кои вршат продажба на книгата или располагаат со неа.

Извор: Радио МОФ

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …