Судот одлучи на Јанкулоска да и се суди одвоено за „Тенк“

Судот одлучи на Јанкулоска да и се суди одвоено за „Тенк“

Судот ја одвои постапката за екс министерката за внатрешни, Гордана Јанкулоска, за случајот на СЈО „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Таа денеска не дојде на закажаното рочиште, а нејзините адвокати доставија боледување од приватна болница за отворено боледување поради ризична бременост.

СЈО предложи неа да и се суди посебно на што реагираа адвокатите на останатите обвинети. Судот донесе решение главната расправа да продолжи.

Во судот спроведен од Шутка е и поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски, кој треба да сведочи за овој случај.

Во случајот „Тенк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …