мијалков

Судот одлучи: Сашо Мијалков оди во притвор во Шутка до правосилноста на пресудата

Судскиот совет денеска донесе решение да го уважи барањето на обвинителката Ленче Ристоска и ја укина мерката куќен притвор на Сашо Мијалков и му определи мерка притвор во КПУ Затвор „Скопје“ до правосилноста на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, односно до започнување на издржување на казната затвор од 12 години. Притворот може да трае најмногу 60 дена, според постојната законска регулатива.

Обвинетиот Сашо Мијалков, МВР треба веднаш да го преземе од адресата каде што се спроведува мерката куќен притвор и да го пренесе на издржување на притворот во Шутка.

Во однос на Тони Јакимовски, делумно се уважува предлогот. За него се определува куќен притвор до правосилноста на пресудата. За Горан Грујевски и Никола Бошкоски се определува мерка притвор до правосилноста на пресудата, сметано од денот на нивното пронаоѓање и лишување од слобода.

За останатите обвинети во случајот „Таргет-Тврдина“, остануваат досегашните мерки на претплазливост – редовно јавување пред судот.

Инаку, ваквата одлука на судот доаѓа веднаш откако беше изречена судската пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“. Обвинителката Ленче Ристоска побара куќниот притвор за Сашо Мијалков да му се замени со ефективен притвор. Таа спомена дека добиле известување од Министерството за внатрешни работи (МВР) дека не поседуваат технички можности и опрема за 24-часовен видео надзор на Мијалков.

Воедно, своето барање, обвинителката Ристоска го дополни и поради тоа што од Европол се потврдени податоците дека Мијалков има дозвола за престој и регистрирана адреса на живеење во Прага. Таа додаде дека станува збор за добро ситуирана личност, која има приватни бизниси и тоа му овозможува да организира логистика и комотно да живее во странство.

Покрај за Мијалков, Ристоска побара притвор и за Тони Јакимоски, Горан Грујевски и Никола Бошкоски. За последните двајца, мерката притвор да важи од моментот кога ќе бидат достапни на органите на прогонот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи …