Сугарески: 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска оствари работна посета на општина Охрид, каде оствари средба со градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски.

На средбата, министерот Сугарески и градоначалникот Стојаноски разговараа за инфраструктурните проекти што се реализираат во општина Охрид, а се од огромно значење за економскиот развој на општината и подобрување на животот на граѓаните.

Министерот Сугарески најави дека Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира 70 милиони евра за подобрување на локалната патна мрежа.

Средствата ќе се обезбедат преку заем од меѓународни финансиски институции и ќе се распределат на сите општини, а ќе бидат наменети исклучиво за изградба и реконструкција на локалните патишта.

“Oколу 1000 километри локални патишта се во состојба за кои е потребна итна санација. Овие податоци се однесуваат само за 30 општини колку што доставија информации во изминатиот период.

Како резултат на оваа состојба, сакам да најавам дека Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините.  Согласно утврдена методологија, секоја општина ќе има на располагање одредена сума на средства која ќе може да ги користи исклучиво за реконструкција и обнова на локалната патна мрежа. Секоја општина ќе има обврска до Министерството за транспорт и врски да достави изработени и ревидирани проекти”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот информираше дека во делот на патната  инфраструктурата во општина Охрид ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат транзит Охрид – Билјанини извори., понатаму реконструкција на стариот пат од Подмоље до Охрид, како и реконструкција на регионалниот пат од Охрид до Свети Наум.

Во делот на струшкиот регион со средства од ЈП за државни патишта ќе се рехабилитираат и патните правци од Подмоље до граничен премин Ќафасан, а во меѓувреме ќе се работи и на изработка на проект за проширување на делот од Струга до граничен премин Ќафасан.

На средбата со градоначалникот,  министерот изрази целосна поддршка за проектите што се реализираат во општина Охрид.

Во рамки на посетата на општина Охрид, министерот Сугарески ја посети и Капетанијата каде оставри средба со капетанот Устијаноски, а на која средба се разговараше за проектите што ги реализира Капетанијата.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …