„Околу 8 милиони евра инвестираме во реконструкција на патниот правец од Гостивар до Кичево“, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при постата на општина Кичево, каде изврши увид во реконструкција на патниот правец Гостивар – Кичево.
Реконструкцијата на овој регионален пат е наш приоритет бидејќи е од големо значење за овој дел од државата, а имајќи предвид дека годишно овде поминуваат преку 4 милиони возила, истакна министерот Сугарески на новинарско прашање.
„Вкупно 8 милиони евра се инвестираат преку ЈП за државни патишта за реконструирање на патниот правец од Гостивар до Кичево. Претходно ја реконструиравме делницата од Гостивар до Колари и дополнително уште 5 мостови. Некаде октомври минатата година започнавме и со реконструкција на оваа делница од Колари до Кичево, но заради врменските услови имаше мал застој. Започнато е со интензивно асфалтирање и очекуваме целиот проект да се заврши до крај на јуни за да може пред летната сезона да овозможиме побезбедно возење на оваа траса. Дополнително сакам да истакнам дека се работи насекаде низ државата и очекувам голема реализација на капиталните инвестиции оваа година”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Тој информираше дека активно се работи и на изградба на автопатот од Кичево до Охрид и најави дека оваа година ЈП за државни патишта ќе заврши со проектирање на првата фаза (Кичево – Букојчани) за изградба на нов автопат Гостивар – Кичево.
Генерално силно сме фокусирани за обезбедување на квалитетна инфрастурктурна мрежа насекаде низ државата и за тоа се реализираат преку 1 милијарда евра инвестиции, истакна министерот Сугарески.