Сугарески: 800 милиони евра за подобрување на патната инфраструктура

Сугарески: 800 милиони евра за подобрување на патната инфраструктура

Во моментов низ целата територија на Македонија се работи на реализација на проекти во висина од преку 800 милиони евра, што е историски највисока инвестициска програма за подобрување на квалитетот на патната мрежа во државата, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денеска изврши увид во изградбата на нов мост на реката Луда Мара во село Ваташа, Општина Кавадарци.

Сугарески додаде дека набрзо ќе започне да се реконструира регионалниот пат Кавадарци – Росоман.

– Исто така во тек е изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, а до ноември оваа година очекуваме да биде завршена рехабилитацијата на автопатска делница Неготино – Демир Капија. Сето ова е дел од големиот инвестициски циклус во патната инфраструктура што го најавивме – додаде тој.

(META)

Прочитајте повеќе

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

Проценките се дека брза пруга би чинела до 2,5 милијарди евра, а за да биде …