Сугарески: Бројот на превезени патници од двата аеродрома во државата континуирано расте

Сугарески: Бројот на превезени патници од двата аеродрома во државата континуирано расте

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, присуствуваше на воспоставувањето на новата авиолинија Варшава-Скопје-Варшава, која од денеска ја реализира авиокомпанијата ЛОТ Полиш Ерлајнс на Меѓународниот Аеродром „Скопје“.

Во своето обраќање, министерот Сугарески ја истакна важноста од воспоставување на новата линија која ќе придонесе за продлабочување на економските врски меѓу двете земји.

„Оваа линија е значајна за граѓаните на Република Македонија, како и за целокупниот развој на авиосообраќајот во земјата“ – истакна Сугарески.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од обраќањето на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески:

„Денеска остваруваме уште еден збор даден пред граѓаните, а тоа е овозможување на летови кон нови атрактивни дестинации. Со новата авиолинија Варшава – Скопје – Варшава создаваме  можност за зајакнување на економските и културните врски и развој на туризмот  меѓу двете држави, со што преку оваа линија ќе се обидеме заеднички да ги приближиме народите на двете земји.

Еден од врвните приоритети на Владата на Република Македонија е развој на авиосообраќајот во земјата.

Во изминативе година дена работевме на привлекување на нови авиокомпании, остваривме многу средби со потенцијални инвеститори и воспоставивме неколку нови авиолинии со што Република Македонија ја ставивме на мапата на светските авиокомпании. Она што сакам да  нагласам, е дека во текот на овој месец планираме да објавиме јавен повик за финансиска поддршка на нискобуџетни компании кои ќе понудат нови дестинации, по цени поволни за граѓаните.

Исто така, наша стратешка цел е да ги искористиме сите капацитети што ги нуди Охридскиот аеродром и да го промовираме како аеродром за нискобуџетни компании. Со ова дополнително ќе го стимулираме авиосообраќајот и туризмот во земјата, истовремено овозможувајќи им на македонските граѓани нови летови кон европските и светските метрополи по ниски цени.

За таа намена планираме финансиска поддршка од над 5 милиони евра во следните три години и ја користам оваа можност да ги повикам сите заинтересирани компании да се пријават на јавниот повик за кој наскоро ќе информираме со конкретни детали за критериумите.

Со задоволство можам да забележам и дека бројот на превезени патници од двата аеродроми во државата е во континуиран раст и нашата цел е да направиме овој тренд да продолжи со уште позасилено темпо,  во наредниот период со посебен фокус на охридскиот аеродорм.

На крај сакам да се заблагодарам на нашиот партнер ТАВ за успешната соработка и неговиот придонес за развој на авиосообраќајот во Македонија и да и посакам на компанијата ЛОТ Полиш Ерлајнс успех во работата и уште многу нови дестинации“ –  рече Сугарески.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …