Сугарески: Ги намаливме цените на услугите на Катастарот и ги направивме подостапни за граѓаните

Сугарески: Ги намаливме цените на услугите на Катастарот и ги направивме подостапни за граѓаните

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, на која заедно направија преглед на сработено во текот на годинава што изминува, особено во делот на ефективноста на мерките донесени со цел да се унапредат услугите на Катастарот и да се намалат трошоците на граѓаните.

„Посветено работиме со цел да ги подобриме услугите и да создадеме функционален Катастар во служба на граѓаните и компаниите. Задоволен сум што успеавме да овозможиме побрзо, поефикасно и навремено обезбедување на услугите за сите корисници на Катастарот, намалувајќи ги цените на голем дел од услугите и до 90%. Исто така ја спроведовме мерката со која граѓаните можат да поднесат различни барања до Катастарот од било кој град, за било која друга општина, со што покрај финансиски средства, граѓаните заштедуваат и на време. Генерално, го олеснивме пристапот до услугите на Катастарот и за професионалните корисници, а периодов работиме и Законот за Адресен регистар“, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

На средбата се разговараше и за новиот Предлог закон за легализација што е во фаза на подготовка, во кој Агенцијата ќе има сериозна улога, од причина што Катастарот ќе врши легализација на инфраструктурните објекти.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев истакна дека со постојниот Закон се спроведени решенија за легализација на 245 544 објекти и додаде дека со новиот Закон треба да се направи исчекор во легализација на инфраструктурните објекти.

На новинарско прашање за новиот Предлог закон за легализација министерот Сугарески истакна дека текстот на Законот се усогласува со други институции и очекува да биде донесен на наредна Владина седница.

 

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …