Сугарески: Годинава започнуваме со реконструкција на околу 450 километри локални патишта

Сугарески: Годинава започнуваме со реконструкција на околу 450 километри локални патишта

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска на прес конференција ги презентираше капиталните проекти што ќе се реализираат во Министерството за транспорт и врски оваа година. Во прилог интегрално ви го пренесуваме обраќањето на министерот Сугаресkи:

“Министерството за транспорт и врски, 2019 година ја заврши успешно во реализација на капиталните проекти што ги работевме. Имавме одлична година во која реализиравме бројни проекти во делот на гасификацијата и железницата, комуналната инфраструктура, авиосообраќајот како и други проекти за подобрување на транспортниот систем во државата.

Годината ја завршивме со 86  проценти реализација на капиталните инвестиции што сметаме дека е одлична работа или по сектори:

Гасификација 94 %

Железница 82 %

Комуннална инфраструктура 63 %

Социјални станови 100 %.

Овие резултати ни даваат дополнителен стимул, оваа 2020 година да работиме уште повеќе, независно од изборниот процес,  да можеме да ги надминеме и овие бројки и повторно овој сектор да забележи одлични резултати во изградба на инфраструктурата во државата.

Денеска на оваа прес конференција ќе ги презентирм дел од проектите што ќе ги работиме оваа година.

Реализацијата на сите тие проекти заеднички ќе приднесат за  подобрување на економијата во државата, подобрување на условите за живот за граѓаните и тоа што е многу значајно е за развој на општините.

Еден од најзначајните проекти што ќе ги работиме оваа година е проектот за поврзување на локални патишта, односно изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од околу 450 километри.

Проектот предвидува, инвестиции во рехабилитација на локални патишта и улици во 80 општини низ државата, вклучувајќи ги и општините во Градот Скопје, што подразбира дека Министерството за транспорт и врски, односно Владата директно ќе им помага на општините во подобрување на локалната патна мрежа преку рехабилитација на улици и патишта во сите општини.

Овој проект е прозивод на посветената работа на вработените  во Министерството во претходната година и проект што директно ќе се реализира преку ова министерство.

Исто така во неколку успешни пилот општини ќе се имплементираат мали проекти  кои се однесуваат на подобрување на безбедноста, на мобилноста и превозот на пример: градежни работи за изгрaдба на потпорни ѕидови, мали свлечишта, пропусти за прифаќање на поројни води и други објекти  по должината на патната мрежа со кои ќе се санираат небезбедни и ризични места. Понатаму изградба на пешачки патеки, велосипедски патеки, урбана опрема, автобуски стојалишта, подобрување на кривини и раскрсници, воведување школски автобуси, зависно од потребите на општините.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 70 милиони евра средства кои се обезбедени од Светска Банка, за што Собранието го изгласа Законот за задолжување, а Министерството за финансии веќе го потпиша договорот со Светска банка и средствата ни се дадени на располагање.

Секоја општина според утврдена методологија одобрена од Светска банка на располагање има одредена висина на средства и секоја општина ќе добие од 500 илјади евра до 2 милиони евра.

Овој период ќе потпишеме и меморандуми за соработка со општините.

Оттука сакам да упатам апел до сите градоначалници, што поскоро да достават проекти за да можеме квалитетно да ги искористиме средствата што им стојат на располагање и заеднички да го подобриме урбаното живеење во општините.

Понатаму во делот на гасификацијата, во втората половина на оваа година преку Националани енергетски ресурси ќе се распишат јавни повици за изградба на магистралниот гасовод  Велес – Свети Николе и магистралниот гасовод Гостивар – Кичево.

Веќе се преговара со ЕБОР за финансирање на проектот и очекуваме да има позитивен одговор од нивна страна.

Тоа што е многу важно оваа година ќе заврши изградбата на делниците од Неготино преку Прилеп до Битола и делницата Скопје-Тетово-Гостивар.

Во делот на станбената политика,  оваа година ќе започнеме со изградба на социјална станбена зграда со 312 станови во општина Бутел. Договор со изведувач веќе имаме и во моментов се расчистува локацијата од постојни објекти.

Понатаму во соработка  со АД за стопанисување со станбен и деловен простор се подготвуваме за изградба на социјални згради во Гевгелија, Пехчево, Виница, Свети Николе, Дебар, Сарај, Велес и Демир Капија или вкупно 320 социјални станови.

Оваа година очекуваме да заврши изградбата на двете социјални станбени згради во Пробиштип и Неготино. Новиот Правилник за распределба е веќе готов и со изградбата на становите веднаш ќе бидат распределени.

Многу важен проект на кој ќе посветиме посебно вниманите е изградбата на Железницата кон Република Бугарија.  Оваа година очекувам многу силно темпо за изградба и до крај на годината конечно да го завршме делот од Куманово – Бељаковце.

Исто така знаете дека во овој момент тече тендерската постапка за изградба на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка.  Има голем интерес за овој проект.  15 компании се влезени во тендерската постапка и заедно со ЕБОР се работи на евалуација на понудите. До крај на годината очекуваме да се избере изведувач и да отпочнеме со работа на терен.

Она што сакам да информирам е дека преку Фондот за финансирање на проекти за Западен Балкан, одобрени ни се 2, 7 милиони евра за  изградба на заедничка желеничка станица на Табановце со Република Србија.

Тоа што е за мене многу значајно е дека продолжуваме со изградба и реконструкција на водоводи и канализации во општините.

Иако е почеток на годината, интензивно работиме на ова и веќе подготвуваме преку триесетина нови проекти, вредни десетина милиони евра.

Ќе се работи во Велес, Крушево, Карбинци, Јегуновце, Охрид, Кочне, Куманово, Свети Николе, Чашка, Демир Хисар, Сарај, Старо Нагоричене и низ други општини.

Тука сакам да спомнам дека за десетина започнуваме со изградба канализацијата во Визбегово и ќе потенцирам тоа беше едно од најгласните барања на стопанствениците што работат во индустриската зона.

Исто така ќе се работи и на изградба на канализација во Арачиново и во Волково.

И на крај не помалку важно е финансиската поддршка за нови авиолинии. Континуирано ќе го промовираме Охридскиот аеродром, очекуваме нови линии оваа година, така да интензиво ќе се работи на унапредување на авиосообраќајот во земјава.

Независно од изброниот процес, годинава планираме уште посилен интензитет на градежни активности насекаде низ државата, што очекуваме да доведат до повисок раст на градежништвото и економијата во целина”, истакна министерот Сугарески.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …