Сугарески: Капиталните инвестиции се ниски, бидејќи не е градежна сезона

Официјалните податоци од Министерството за финансии покажуваат дека само 1, 09 проценти од планираното за капитални инвестиции биле реализирани во јануари.

Причината за слабата реализација, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ја гледа во тоа што не е градежна сезона, а се работи на тендери за предвидените проекти, но очекува дека капиталните инвестции годинава ќе се реализираат.

– Сега не е градежна сезона, дел од работите што треба да се сработат се во фаза на тендерирање, така што, нашите очекувања се дека капиталните инвестици ќе бидат многу повисоки од ланската година – изјави Сугарески одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот „Безбедни семејни паркинг зони“.

Тој додаде дека за две недели со почетокот на градежната сезона стартува реконструкцијата на 40 патишта, за што е подготвена целосната документација.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …