Сугарески: Не сме безгрешна Влада, ама со чисто срце правиме се' за да обезбедиме сигурна иднина за граѓаните

Сугарески: Не сме безгрешна Влада, ама со чисто срце правиме се’ за да обезбедиме сигурна иднина за граѓаните

Фејсбук статус на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески:

Длабоко загрижен за недостатокот на национална свест кај одредени политички актери и како директен сведок на хушкачките и крајно опасни тези со кои Ѓорѓе Иванов вчера, со својот говор, по кој знае кој пат ја злоупотреби својата функција да одработува на штета на сопствениот народ, се чувствувам за повикан, не како министер, туку како човек, Mакедонец да испратам неколку пораки.

Ниту една општествена и политичка функција не е вечна, како што и ние нема да останеме вечно на овој свет, арно ама нашите сегашни постапки и одлуки кои се однесуваат на иднината на нашата татковина, некои идни генерации ќе ги ценат од неопходната историска дистанца. Исто како што ние им се восхитуваме на нашите херои од Илинденското востание и учесниците на АСНОМ, славејќи ги нивните херојски дела за Македонија.

Иванов треба да знае дека својот избор одамна го направи. Него никој нема да му се восхитува, ниту ќе ги одобрува неговите постапки. Напротив, идните генерации ќе се срамат! Ќе има почесно место на темната страна на историјата, како идеен творец на антиквизацијата која една деценија ја одалечуваше Македонија од ЕУ и НАТО, како професор на Правниот факултет кој го лажеше сопствениот народ дека може да ги оствариме стратешките определби без компромис со Грција, како Претседател кој се обиде со аболиција да го спаси поранешното раководство на ДПМНЕ од криминалот, безочно лажејќи дека го брани уставното име.

Искрено, ниту ги осудувам, ниту им се лутам на онаа мала група млади кои вчера на Мечкин Камен не исвиркуваа. Единствено, жалам што дозволуваат да бидат злоупотребени, некој да ги лаже дека го бранат името, а всушност одработуваат за личните интереси на неколумина политички лузери кои ќе мора да се соочат со правдата за своите злодела. Ние не сме ниту перфектна, ниту безгрешна влада, ниту пак живееме во таква илузија. Но во едно сме сигурни, дека со чисто срце и како вистински патриоти правиме се за да обезбедиме сигурна иднина за сопствениот народ. Го браниме и ќе се бориме со сите демократски средства Mакедонскиот народ на референдум да го одобри Договорот со Грција како достоинствена шанса да станеме полноправна членка на НАТО и ЕУ.

Не сме како другите, кои деценија се крстеа во референдумот како нивна наводна партиска програмска определба, а сега бегаат од одговорност. Договорот не е совршен, но е фер компромис со кој вечно ќе останеме Mакедонци и вечно ќе зборуваме Mакедонски јазик. Амнестија за криминалите на поранешната влада ќе нема по ниту една цена.

А, Иванов и компанијата, ќе ги издржиме уште малку, тие се исплашени зошто конечно ќе и биде нанесен последниот удар на мафијата која сака да ја држи Македонија во заложништво!

Македонија ќе ја биде, Eвроатланските интеграции се неповратен процес на кој никој не може да му застане на патот!

Македонијo биди спокојна, ние сме одлучни и ќе успееме!

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …